Маричиќ од Штип: Алтернативата на ЕУ подразбира отселување од државата

„Бев прашан дали имаме подобро алтернатива од ЕУ. Секако дека имаме, но секоја алтернатива што мислиме дека е подобра подразбира отселување од државата. Затоа се бориме да не мора ниту еден човек да се отсели и да побара пасош на друга држава“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Штип.

Тој додаде дека граѓаните ќе можат со македонски пасоши да работат низ цела Европа, но и со гордо крената глава да бидат дел од ЕУ и да може да ги изградат истите услови дома.

„Ништо повеќе не вредат од нас државите од нашиот регион кој се дел од ЕУ. Ништо помалку нашиот човек не вреди од луѓето во Хрватска, Бугарија и Романија. Она што ни треба е храбро и смело да се посветиме и за неколку години да ги направиме клучните реформи за да го добиеме одамна заслуженото место, членка во ЕУ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека силата на волјата на Владата доаѓа од поддршката на граѓаните за овој сон за Европска Македонија, бидејќи тоа е стратешка цел која значи најдобро за нас и нашите деца.

Треба да знаете
Последни објави