Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека земјата ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат во 2036 година.
Полска никогаш не била домаќин на Олимписките игри. Полска беше домаќин на Европските игри во Краков на крајот на јуни и почетокот на јули оваа година.
-Би сакал по консултација со Олимпискиот комитет на Полска, министерот за спорт и Владата да соопштам дека нашата намера е да ги организираме Олимписките игри во 2036 година“, изјави Дуда во Закопане.
Олимпијадата во Париз ќе се одржи во Париз во 2024 година, а Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одлучи Олимпијадата во 2032 година да се одржи во Бризбејн, Австралија.
Кандидати за Олимписките игри во 2036 година покрај Полска се Индонезија, Мексико и Индија. Ројтерс објави дека Турција, Унгарија, како и градовите во Персискиот Залив би можеле да поднесат кандидатура за домаќини на Олимпијадата во 2036 година.
„Нашите полски пријатели веќе успешно покажаа дека го имаат она што е потребно за да организираат големи меѓународни спортски настани“, рече членот на Извршниот одбор на Европските олимписки комитети (ЕОК) Хасан Арат.