Алиу: Стратешки план со конкретни мерки за сајбер безбедноста

Зајакнувањето на сајбер безбедноста, особено во овој период, кога технолошката војна станува се пософистицирана и „по строга”, секој ден се претвора во предизвик, кој секогаш бара внимание, посветеност и соработка, порача министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу при учеството на семинарот „Сајбер дипломатија“ во Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ С. Маршал“ во Гармиш – Партенкирхен, Германија.

На семинарот се дискутира за сајбер безбедноста во светот и најновите предизвици во оваа област, а Алиу, како што информира денеска Министерството за информатичко опшетество и администрација, се осврна на мерките што треба да се превземат за безбедно сајбер опкружување. 

Алиу укажа дека безбедната сајбер средина не функционира без соработка и сродни механизми. 

-Предизвиците во областа на сајбер безбедноста се „неочекувани”, нападите можат да бидат внатрешни или надворешни и не прават разлика помеѓу многу големи или мали земји. Сите сме во иста позиција. Затоа, само преку соработка, сериозни инвестиции и со градење стратешки план со конкретни мерки, вклучувајќи и буџет посветен на напредни технологии и човечки ресурси за развој на овој сектор, можеме да одговориме на предизвиците во иднина, рече Алиу.

Треба да знаете
Последни објави