Баерн скапо ја плати победата над Минстер

Баерн Минхен во наредните недели, можеби и месеци најверојатно ќе остане без Серж Гнабри.

Баварците без проблеми се пласираше во второто коло од Купот на Германија. Синоќа го совладаа Преусен Минстер со 4:0 (3:0). Дамка на очекуваниот триумф фрли повредата на Гнабри.

Германскиот репрезентативец теренот го напушти по само 11.минути.

„Билд“, објави дека во клубот стравуваат дека Гнабри ја скршил раката. По еден пад, германскиот репрезентативец веднаш ја фати левата рака и се пожали на силни болки во подлактицата, поради што Тухел веднаш го повлече од игра.

Треба да знаете
Последни објави