„Ќе почнеме со гласот на Бранка Станковска од стар радиоприемник, ќе ги слушнеме ‘златните славејчиња‘ – детскиот ѕвон на некогашно Скопје, ќе раскажеме некои работи и ќе вратиме некои рефрени кои мирисаат на Скопје. Така и го осмисливме, секој да може да дојде и да присуствува, секој да може да слушне и почувствува. И, реприза – нема“, најави Александар Митевски бо изјава за “СДК”
Бесплатниот концерт ќе се одржи во Скопје, на зелениот покрив на ГТЦ, в петок од 20:30 часот. Концертот е со наслов „Со љубов за Скопје“ и е по повод четири години постоење на дуото Дац и Александар.
Концертот е посветен на Скопје и скопјани како подарок од дуото, но и чекор за враќање на значањето на ГТЦ.
Прославата на роденденот на дуото ќе се одржи на прекрасната зелена градина на покривот на ГТЦ а влезот ќе биде слободен за сите. ГТЦ ќе ги обезбеди сите потребни услови за убаво музичко дружење со музичкото дуо