Ново правило за жителите на германската метропола: Градот одредува колкав стан можете да изнајмите

Берлинскиот Сенат пред две недели најави борба против недостигот на станови во главниот град на Германија, а сега е познат првиот чекор од нивниот план. Имено, идната година стапува на сила законот за издавање станови според кој самците ќе можат да изнајмуваат само еднособен стан, а паровите двособен.

Строгите прописи во иднина треба да обезбедат повеќе станови и поповолни кирии во Берлин, иако предизвикаа бунт и негодување кај граѓаните, пишува Fenix ​​Magazine. И покрај ова, проектот стана официјален, а на самците во Берлин им е дозволено да се вселат само во мали апартмани со една соба.

„При изнајмување и подзакуп се обезбедува соодветен сооднос на големината на домаќинството и станот за најдобро можно искористување на постоечкиот станбен фонд“ се објаснува во договорот за соработка меѓу Сенатот и шестте станбени заедници во сопственост на државата и во сопственост на агенцијата за недвижности Берлиново.

Од управата на зградата велат и дека тоа ќе биде одлука која ќе се носи од случај до случај, но главно семејствата ќе се вселат во „големи станови“ додека „малите“ ќе бидат резервирани за самци, иако не е прецизирано колку квадрати ќе го прави станот голем или мал.

Имено, пред две недели беше објавено дека самците ќе можат да се вселуваат само во еднособни апартмани, паровите само во двособни, додека на семејствата со деца ќе им биде дозволено да изнајмуваат повеќесобни станови. Тој текст сега е заменет со нејасни спецификации, веројатно за да се избегнат критиките, пишуваат германските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави