Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот.
На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.
Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година.