Рама побара ЕУ да излезе со нова изјава за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово

Албанија се спротивстави на изјавата на шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел за дијалогот меѓу Косово и Србија и побара да излезе со ново соопштение.

Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката конференција со италијанскиот потпретседател Антонио Тајани рече дека ЕУ треба да излезе со нова изјава по настаните со жртви од престрелката во Бањска.

„Албанија за прв пат во последните 10 години се спротивставува на декларацијата за надворешната политика на Европската унија. Овој став е поврзан со фактот што изјавата на ЕУ (од 19 септември) е изјава која нема проблем во сама по себе, бидејќи зборува за се што претходно кажа Борел за обврските на Косово во однос на дијалогот. Но има голем проблем кој не соодветствува со реалноста од последните денови. Невозможно е да се биде на иста страна со ЕУ, без да се види уште една изјава која се занимава со проблемот од последните денови. Полицаецот од редовите на косовската полиција е убиен од криминална група која очигледно била вмешана во терор на северот од Косово, а потоа во Белград следеше ден на национална жалост. За нас тоа е неприфатливо, неоправдано и за осуда, рече Рама.

Албанскиот премиер рече дека бара од меѓународната заедница јасен одговор до Србија. Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајанил побара поддршка за изјавата на шефот на ЕУ Жозеп Борел од 19 септември за продолжување на дијалогот.

Треба да знаете
Последни објави