Едвин Кастро (31) кој на почетокот на годината го освои најголемиот џек пот досега во американскиот Пауербол и тоа не го криеше ниту за момент, максимално ужива во 2,04 милијарди долари, што им прави проблеми на финансиските експерти.
Имено, Кастро прво решил да ги земе парите во целост, кои му донеле 997,6 милиони долари, а можел да добие и повеќе од освоената сума доколку се согласел на годишни исплати. Веќе таму се најде на мета на критичарите.
Потоа, без многу размислување, купил две дворци, едниот за 25,5 милиони долари во Холивуд Хилс и едниот за 4 милиони долари, малку подалеку и со поглед на планините Сан Габриел. А деновиве сето тоа го заокружи со трет луксузен имот, вреден дури 47 милиони долари во Бел Ер.
„Тоа не се прави така. Не правите видливи промени во животниот стил. Не ја напуштајте работата, не купувајте Ферари или вила. Елиминирајте го долгот, ако го имате, но избегнувајте мега-купување“, изјави за Fortune финансискиот советник Емили Ирвин, додавајќи:
„Вработи финансиски советници да се консултираат и подобро да планираат. Заедно со нив, ангажирајте даночни експерти за да избегнете непланирани проблеми со законот“.
Но Кастро има свој план, во кој јавноста го поддржува.
„Уживај во животот, не ти е гајле“, е коментарот под објавата за неговите купувања што некако најдобро го опишува она што Кастро го прави од првиот ден на историската добивка.