Во текот на вчерашниот ден (27.09.) превентивните активности на МВР на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Штип, беа насочени кон заштита на граѓаните од имотни деликти, потоа сообраќајната безбедност и заштитата од шумски пожари.
Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Ресен полициските службеници имаа средби со граѓаните околу превенцијата од џебни кражби, кражби, разбојништва, измами… а беше разговарано и со возачите на земјоделски машини и земјоделска механизација во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи. И во Велес и во Кавадарци на истата тема – заштита од имотни деликти – полициски службеници од СВР Велес разговараа со граѓаните за начините за превенција од овој вид криминал. На подрачјето, пак, на СВР Штип, поточно во Берово, полициски службеници од ОВР Берово во содејство со Шумското стопанство Берово спроведоа превентивно-едукативни средби на теми поврзани со заштита на шумите од пожари и законските прописи од оваа област, вклучително и казнените одредби.