Цената на нафтата Брент денеска достигна цена од 97,56 долари за барел, што е највисока во последната година.
Како што објави Си-Ен-Би-Си, главната причина за овој раст е загриженоста за падот на залихите на нафта во САД.
Залихите на сурова нафта во Кушинг, Оклахома паднаа на 22 милиони барели во четвртата недела од септември, блиску до оперативниот минимум, покажуваат податоците на американската Администрација за енергетски информации (EIA).
Тоа е пад од 943.000 барели во однос на претходната недела. Британски Економист наведува дека цената на нафтата пораснала за 30 отсто во споредба со јуни, делумно поради тоа што Русија, Саудиска Арабија и некои други земји доброволно го намалиле сопственото производство на нафта.