Хрватската полиција вечерва во 18 часот и 40 минути добила дојава дека Анто М.(86) активирал бомба во „Клоштар Иваниќ“, по што се повредил и се заканил дека ќе активира уште една бомба.
На терен излегле голем број итни служби, меѓу кои и пиротехничари кои го контактирале мажот и му пружиле лекарска помош.
Никој освен него не бил повреден при активирањето на бомбата.
Неофицијално 24 сата.хр дознава дека станува збор за штитеник на Домот за стари лица кој излегол од домот криејќи се во автомобилот на готвачката.
Полицијата и пожарникарите биле на терен и им забраниле на луѓето да се приближуваат.
– Слушнавме тапа детонација. Веднаш не ја поврзавме со бомба додека соседот од другата страна не рече дека човек со седа коса и бела брада лежи на тревата и вика дека има друга бомба. Бевме ужаснати. Моите деца штотуку поминаа по тој пат додека се враќаа од училиште. Станува збор за пензионер кој живее во домот „Аура“ и кого го видовме како лута по улиците, мрмори и вели дека му е доста од сѐ. Не разговарав лично со него, но брзо се прошири веста за него – изјавил жител на улицата каде што била опсадата.
Целата улица со неверување ја следи полициската акција.
-Никогаш не сме имале толку многу полиција и итните служби во градот, а камоли на улицата. Во моментов слушаме дијалог помеѓу два машки гласови, од кои едниот зборува со смирен тон и му се обраќа со господине, додека другиот глас, веројатно тој што се заканувал и лежи на земја, со прекини комуницира. Не разбираме што зборуваат затоа што за наша безбедност нѐ преместија до крајот на улицата – додаде друг жител од „Клоштар Иваниќ“ за Јутарњи лист.
– Вечераше и само излезе. Тој е еден од најмирните жители од вкупно четириесеттина сместени во моментов во Домот. Немам поим што се случи со него и зошто го направи тоа бидејќи немаше индикации дека такво нешто може да се случи. Имаше бомби во џебот. Не знам од каде ги добил бомбите. На нашето одделение е три години, а претходно во истиот дом беше сместена и неговата сопруга, која почина пред околу три години. Кога точно излезе, ќе ги погледнам снимките од CCTV, па ќе знам повеќе. За среќа освен него никој не е повреден, а тој е тешко повреден и лежи, имало многу луѓе на улицата. Колку што слушнав, оштетено е само стаклото на една кола – шокиран изјави Драган В., сопственик на Домот за стари и изнемоштени лица каде што бил сместен Анто М.
Преплашената готвачка на Домот за стари и изнемоштени лица на истокот на Загребската жупанија во последен момент избегнала смртна опасност откако во центарот на „Клоштар Иваниќ“ беше преплашена од 86-годишниот вооружен старец.
Според неофицијални информации, тој од засега непозната причина побегнал од својата соба и се вовлекол на задното седиште од нејзиниот автомобил и таму се сокрил. Таа не го забележала до улицата Школска во Клоштар, кога тој се открил и и се заканил со експлозив. Таа веднаш ја отворила вратата, побегнала и успеала да повика полиција.