Каролина Волчевска од Ресен е прогласена за најдобра жена овоштар за 2023 година, а Оливер Настевски за најдобар маж овоштар.
Во рамки на манифестацијата „Преспански јаболконер“, градоначалникот Јован Тозиевски, награди дипломи и признанија додели на Ридван Демири, кој е прогласен за најдобар млад овоштар, признание за општествено одговорна компанија за 2023 година доби „ГОМИ 96“, признание за посебен придонес за промоција на општина Ресен преку спортот доби Владо Недановски, признание за препознатлива компанија во примена и развој на нови практики во земјоделието е доделено на „Агро Медика“, а признание за повеќегодишен континуиран придонес кон афирмација на природно историски вредности на Преспа, општината додели на проф. д-р Вера Битракова Грозданова.
Манифестацијата „Преспански јаболкобер“ продолжува со штандовска презентација на производи од јаболка, целовечерни концерти на градскиот плоштад и ќе заврши в сабота со детска поетска манифестација „Детски гласови 2023“.