Глобалниот индекс на мир (ГПИ) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, кое го креираше Институтот за економија и мир. Според ова рангирање најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. Во оваа конкуренција Македонија се најде на 38. место.
Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на општествата.
Читателите кои го следат ГПИ низ годините нема да бидат изненадени, бидејќи Исланд е на врвот на истражувањето секоја година од 2008. Тој примат Исланд го ужива поради ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниската стапка на меѓународни конфликти.
Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, додека трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето минатата 2022 година.
Македонија се наоѓа на високото 38. место. Од земјите на Балканот, најдобро рангирана е Словенија на 8. место, Хрватска е 14, Бугарија е 30, Романија 31. Зад нас се Албанија (40), Црна Гора (45), Грција (60), Босна и Херцеговина (61), Србија (65), Косово (70) и Турција (147).
На оваа листа најнесигурни земји се: Авганистан, Јемен, Сирија, Јужен Судан, ДР Конго, Русија, Украина, Сомалија, Судан и Ирак.
Целосната детална листа можете да ја погледнете тука.