Преодната влада на Буркина Фасо објави дека пред два дена бил спречен обид за државен удар против воениот лидер Ибрахим Траоре, не наведувајќи повеќе детали за инспираторите и подготвувачите на пучот.
Преодната влада ја информираше јавноста „дека разузнавачките и безбедносните служби спречија обид за државен удар на 26 септември 2023 година“.
Уапсени се полициски службеници и други лица кои стојат зад обидот за дестабилизација на државата, а потрагата по други сторители продолжува, се наведува во соопштението.
Владата го уверува народот дека ќе го расветли обидот за државен удар.
Во вторникот, доцна вечерта, стотици лица излегоа на улиците на главниот град Уагадугу за да ја покажат својата поддршка за преодната влада.