Кети Пери се приклучува на актерскиот тим на „Прасето Пепа“

Кети Пери се приклучи на актерскиот тим на популарната анимирана серија Peppa Pig („Прасето Пепа“).

Поп-ѕвездата (38) ќе го позајми својот глас на нов лик, кројачката Ms Leopard (госпоѓа Леопард).

Во соопштение до медиумите, Оливие Думонт, претседателот на „Хасбро ентертејнмент“, наведе: „Ние сме воодушевени што таков талент од А-листата се придружи на семејните забавни авантури во серијата за прасето Пепа. Како родител и голем фан на самата Пепа, Кети Пери е совршена за гласот на госпоѓа Леопард“.

Според него, ангажманот на поп-ѕвездата е доказ за светскиот успех на серијалот.

Кети ќе го позајми гласот на новиот лик во Peppa Pig Wedding Party („Свадбена забава на прасето Пепа“) – специјално издание од три дела по повод 20-годишнината, а кое ќе се емитува напролет 2024 година.

Британската детска серија првпат почна да се емитува во мај 2004 година. Седмата сезона почна во март 2021 година и се емитуваше во над 180 земји.

Треба да знаете
Последни објави