Лидерот на шпанските конзервативци Алберто Нунес Фејо денеска вторпат не успеа да добие поддршка во Парламентот за својата премиерска кандидатура, иако неговата партија победи на националните избори.
Во Долниот дом на шпанскиот Парламент зЗа“ Фејо гласаа 173 пратеници, а 177 беа „против“. Тоа е приближно ист резултат како и на претходното гласање пред два дена. Народна партија на Фејо освои 137 места во Долниот дом на изборите во јули, најмногу од која било партија претставена во Парламентот. Дури ни поддршката на екстремно десничарската партија Вокс и нејзините 33 пратеници, како и двајца пратеници од малите конзервативни партии, не беше доволна за да се избере Феjo на премиерската функција.
Неговата загуба ја отвора вратата за лидерот на левиот центар на социјалистите Педро Санчез, чија партија беше втора во анкетите, и можеби ќе може да се врати на власт ако може да ги убеди помалите партии за поддрѓка. Санчез беше премиер на Шпанија во последните пет години и е вршител на должноста премиер на земјата до формирањето на новата влада.
Резултатите од изборите во јули резултираа со фрагментиран парламент, со 350 места поделени меѓу 11 партии. Тоа значи дека патот до создавање влада е комплициран.
За 51-годишниот Санчез да добие уште еден мандат ќе треба да ги убеди пратениците од левичарските, регионалните и сепаратистичките партии да го поддржат. Преговорите за оваа можност траат веќе неколку недели.
Доколку не се изгласа влада до 27 ноември, новите национални избори ќе бидат закажани за 14 јануари.