Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во 3. коло од групната фаза го одигра најдобриот натпревар во Лигата на шампионите, но тоа не му беше доволно на крајот пред своите навивачи да извлече поволен резултат против германскиот гигантот Кил (20:23).
Како мала утеха од добрата партија во салата „Боро Чурлевски“ ќе му остане изборот на медиа тимот на ЕХФ кој смести две мајстории на пелистерци изборот на колото. Лоб-ударот на Жарко Пешевски е на позицијата број три кога се во прашање најубавите голови на колото, а одбрана на голманот Калифа Гедбан е на четвртото место за најатрактивни интервенции.