Во Кавадарци се градат шест апартмани од социјален карактер. Во завршна фаза е проектот за реконструкција и пренамена на постојан објект на улицата „7 Септември”, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
– Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ддв од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Изведувач на работите е фирмата ,,Градба промет” од Кавадарци.