Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за шпанската национална телевизија ТВ Еспањола изјави дека потпретседателот на Српската листа Милан Радоичиќ поднел оставка од таа функција.
-Радоичиќ не сака дополнително да ѝ наштети на Српската листа, рекол Вучиќ.
Тој истакнал дека Српската листа ја гледа како борци за слобода и дека сите Срби кои живеат на Косово и Метохија го мислат истото.
Во интервју за шпанската национална телевизија, Вучиќ ја опишал ситуацијата во Косово како загрижувачка.
-Не знам дали тоа што се случи беше пресвртница. Многу сум загрижен, бидејќи знам колку се агресивни Албин Курти и Вјоса Османи. Особено кога веруваат дека имаат голема поддршка од дел од меѓународната заедница, а тоа ме загрижува и плаши, изјави Вучиќ.
Властите во Приштина го поврзаа Милан Радоичиќ со пукањето во Бањска. Косовската полиција денеска изврши претрес во зградата во која живее.
Радоичиќ е на „црната листа“ на САД и му е забранет влез и бизнис во таа земја. Тој беше ставен на листата поради наводни врски со транснационалниот организиран криминал.