Само 25 проценти младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени за време на нивното формално образование во текот на 2022 година, три отсто биле регистрирани како невработени, односно како лица кои активно бараат работа, додека 72 проценти воопшто не биле вклучени на пазарот на расположлива работна сила, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.
Процентот на млади кои биле работно ангажирани за време на школувањето драстично се разликува од земја од земја членка на ЕУ. Така, најголем удел на млади луѓе вработени во текот на формалното образование бележи Холандија со 73 отсто, пред Данска со 52 и Германија со 45 проценти.
Од друга страна, најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија од само два отсто, пред Словачка со пет и Унгарија со шест проценти.
Највисок процент на официјално регистрирани невработени млади за време на образованието имало во Шведска од 13 отсто, пред Финска со седум и Холандија со шест проценти.
Помалку од еден отсто од младите се воделе како невработени во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија.