Повеќе од 2.500 мигранти загинале или се исчезнати во Средоземно Море во 2023 година

Од почќетокот на годината над 2.500 мигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

-До 24 септември, над 2.500 лица се евидентирани како мртви или исчезнати годинава. Овој број претставува зголемување за две третини, во споредба со 1.680 лица за истиот период во 2022 година“, рече Рувен Меникдивела, директор на канцеларијата на УНХЦР во Њујорк, на седницата на Советот за безбедност посветена на мигрантската криза во Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави