Краткометражниот игран филм „Тале и Корона” во режија на Томислав Алексов (Продукција МС), ја доби наградата за најдобар игран филм од страна на жирито на „Ворлд Сине Фест” (World Cine Fest) меѓународен филмски фестивал со седиште во Лисабон, кој се одржа во периодот од 21.09.2023 до 28.09.2023 година.
Филмот досега е награден со 5 награди во различни категории и, е селектиран во официјална селекција на 20 филмски фестивали ширум светот.
-Тале и Корона “ е приказна за издржливоста на човековиот дух во време на пандемија. Малиот Тале (8), голем вљубеник во филмската уметност, кој е заразен со коронавирус и се бори за својот живот. Користејќи ја силата на филмските ликови што ги обожувал во животот, собира сила и се спротивставува на болеста, додека.пак,самовилата Корона му помага и станува негов пријател, соопштуваат продукцијата.
Улогите ги толкуваат: Иринеј Ковчиќ, Весна Петрушевска, Мила Стојчевска, Сања Русеска, Гораст Цветковски, Дубравка Киселички, Крсте Јовановски. Музиката е на Валентина Велковска- Трајановска, директор на фотографија е Владимир Димоски, монтажата е на Кузман Клековски, а дизајнер на звук е Владимир Аговски, и 3Д аниматор еРаде Дичоски.
Филмот е финансиски поддржан од „ Агенцијата за филм на Р.С. Македонија “, а во продукција на „ Продукција МС“ од Скопје и продуцентот Кузман Клековски.