Филипините ја отстранија кинеската пловечка бариера од спорната локација, добија пофалби од САД

Висок претставник на американската одбрана вчера рече дека отстранувањето на кинеската пловечка бариера од страна на Филипините во близина на Скарборо Шол во спорното Јужно Кинеско Море е „храбар чекор во одбраната на сопствениот суверенитет“.

Заменик-помошникот секретар за одбрана за Јужна и Југоисточна Азија, Линдзи Форд ја даде оваа оценка на сослушувањето на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Манила изрази бес поради кинеската инсталација на долга бариера од сферични пловци во близина на карпестиот гребен на 200 километри од Филипините, локација на која со години има периодични спорови околу суверенитетот и правата за риболов.

Филипините во понеделникот соопштија дека започнале „специјална операција“ за отстранување на бариерата, нарекувајќи го нејзиното поставување кршење на меѓународното право.

Треба да знаете
Последни објави