Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека денеска се закани дека ќе скокне од надвозникот Манјан висок 100 метри, но по интервенцијата на итната помош, тој е пренесен на безбедно, јавуваат француските медиуми. Локалните медиуми објавија дека пожарникарите го донеле играчот на безбедно по неколкучасовни преговори. Според извештаите, полицијата и психологот на клубот биле вклучени во преговорите со играчот.
Според првичните информации на медиумите, Бека се заканувал дека ќе изврши самоубиство поради раскинувањето, но претставниците на играчите го демантираа тоа.
Играчот пред интервенцијата на итната помош стоел на надвозникот Манјан висок 100 метри, кој се наоѓа на автопатот А8 северозападно од Ница. Медиумите наведуваат дека поради овој инцидент сообраќајот бил запрен во едниот правец, а во другиот се формирала редица од шест километри.