Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 50 биле повредени денес во самоубиствен напад на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед во пакистанската провинција Белучистан, соопштија здравствените власти и полицијата.
Како што изјави заменик-генералниот инспектор на полицијата Мунир Ахмед, бомбашот ја активирал експлозијата во близина на возилото на заменик-началникот на полицијата во близина на џамија каде што луѓето се собирале на поворка за да го одбележат роденденот на Мухамед.
Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за експлозијата.Техрик-е Талибан Пакистан, главна група која вклучува различни екстремни сунитски исламистички групи, негираше дека го извршила нападот.
На западот на Пакистан, каде што се наоѓа Балучистан, зголемен е бројот на напади, што ги зголемува ризиците за безбедносните сили пред националните избори закажани за јануари следната година.
Во јули, повеќе од 40 луѓе беа убиени во самоубиствен бомбашки напад во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва на митинг на верска политичка партија.