Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потпиша указ за есенско регрутирање на 130.000 лица.
„Од 1 октомври до 31 декември 2023 година, граѓаните на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 27 години кои не се во резерва и се предмет на регрутирање воена служба во согласност со федералниот закон, ќе бидат регрутирани во воена служба“, се вели во декретот.
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето, односно денешниот датум.
Високиот руски воен функционер Владимир Цимљански објасни дека сите воени регрути ќе бидат испратени во формации и воени единици на територијата на Русија, но дека нема да одат во припоените региони – регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје.
Покрај тоа, тие нема да бидат вклучени во специјалната операција.