Германската влада го прекори сопственикот на платформата Х (Твитер) Илон Маск, откако тој ја критикуваше неодамнешната работа на бродовите за спасување мигранти управувани од германските хуманитарни групи во Средоземното Море.
Маск синоќа сподели видео на кое се гледаат мигранти и хуманитарни работници на брод.
Десничарските сили кои ја објавија содржината на платформата Х ја пофалија екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, која зазеде тврд став за миграцијата.
Дали германската јавност е свесна за ова?“, праша Маск во репостот.
Германското федерално Министерство за надворешни работи директно му одговори на Маск на платформата Х, пишувајќи дека тоа е и дека се нарекува спасување животи.
Маск одговори дека се сомнева дека германската јавност ги поддржува дејствијата на невладините организации кои ги преземаат азилантите од бродови неспосбни за пловење во Средоземното Море.
Тој, исто така, посочи дека носењето спасени мигранти на италијанска територија со бродови управувани од германски хуманитарни групи секако претставува кршење на суверенитетот на Италија.
„Значи, вие сте всушност горди на тоа. Интересно“, напиша Маск до Министерството за надворешни работи, додавајќи дека смета дека таквите поморски операции имаат „инвазиски вибрации“.
Повеќе од 220.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија од јануари до август оваа година.