Цела недела владата молчи дали со потпис на Артан Груби ја уортачиле државата со бугарската мафија?
Дали со потпис на Груби, а потоа и со потписот на неговиот шеф на кабинет, сега директор на државната Лотарија, Перпарим Бајрами, во земјава е договорен влез на бугарската 8888.бг, односно сестринската 7777.бг, фирми за онлајн коцкање на бугарската мафија?
Почитувани, дали Груби со потпис на владата дозволува влез на коцкарниците на Черепот, Васил Бошков, во притвор во Бугарија?
Последните, информации од 28 август велат дека Јавното обвинителство на Бугарија имал и посочувал докази дека Бошков, Черепот, имал договори и релации со Евгениј Пригожин од Русија за отворање на коцкарници на Крим!? Овој текстот е со датум 28 август!
Почитивани, од владата молчат, а во исто време, Министерството за финансии веќе распишало оглас за нови апарати за коцкање. Дознаваме 1100 апарати, за новата државна видео лотарија!? Ова е објавена набавка со датум 28 септември!
Е па почитувани, дали е ова зафат за партнерството на Македонија со бугарската мафија за организирање на коцкање во Македонија?
Почитувани, дали договорот е направен уште пред да се распише огласот на Државната лотарија на 11 септември?
Почитувани, Македонија нема пари за лекови, Македонија нема пари за учебници, Македонија тоне во сиромаштија и се воведуваат нови даноци, а Владата на ДУИ и СДС се занимава со коцкање, со нови лиценци за коцкање, со можни партнерства со бугарската мафија и со набавка на нови апарати за коцкање!
Само избори се спасот!