Фудбалскиот клуб Челзи договори профитабилна соработка со американската компанија „Инфинити атлет“, која на тој начин ќе стане главен спонзор на лондонскиот клуб.
Логото на оваа компанија ќе биде испечатено на предната страна на дресот на „Сините“ кои ја започнаа сезоната без спонзор.
Според англиските медиуми, договорот е вреден 40 милиони фунти плус бонуси, по сезона.
Челзи ја прекина соработката со претходниот спонзор, компанијата „Три“ чие лого претходно беше на дресовите.
Фудбалерите на Челзи за првпат ќе го облечат дресот со новото лого на спонзорот на натпреварот против Фулам.
Договорот со компанијата „Инфинити атлет“, го стави Челзи на врвот во Премиер лигата кога е во прашање овој тип на спонзорство, односно висината на договорот од ваква соработка.
Приближната сума од спонзорите добиваат Арсенал и Тотенхем.
На врвот на оваа листа е Манчестер сити, кој од компанијата „Етихад“ заработува 70 милиони фунти по сезона, следуваат Манчестер јунајтед (60 милиони фунти) и Лвиверпул кој од својот спонзор добива 50 милиони фунти годишно.
Сепак, на самиот врв е Манчестер Сити, кој од компанијата „Етихад“ заработува 70 милиони фунти по сезона.