Повеќе од 60.000 демонстранти се собраа денеска во Берн за да побараат построга политика во борбата против климатските промени, на помалку од еден месец пред националните избори, соопштија организаторите.
„Многумина губат надеж бидејќи владата одобрува нови патишта и го одложува законодавството за климата“. Но, денес сме силни“, рече Георг Клинглер, еколошки активист од групата Гринпис кој учествуваше на протестот. Партијата на зелените наведува дека парламентот ја забавува ефективната заштита од последиците од климатските промени.
„Парламентот со своето буржоаско мнозинство спречува брза, доследна и ефикасна заштита од последиците на климатските промени. Ни треба промена на следните избори“, велат од таа партија.
Ваквите големи протести се ретки во Швајцарија и покажуваат зголемена фрустрација на јавноста поради темпото на креирање политики за борба против глобалното затоплување и покрај огромните докази за неговото влијание, наведува британската агенција.
Глечерите во Швајцарија се намалија за 10 отсто за две години, додека септември беше најтоплиот месец досега во земја која се загрева со двојно поголема стапка на глобално ниво.
Парламентарните избори во Швајцарија се закажани за 22 октомври