Реакција на прес конференцијата на Санела Шкријељ:
Реалната плата е намалена, пензиите не се доволни ниту за лекови, народот тоне во сиромаштија со СДС, а Шкријељ раскажува бајки.
Македонија има најголем пад на реалната плата во регионот, тоа се факти, народот сега е посиромашен од лани или од пред неколку години.
Тоа што народот можеше пред 5 години да го купи со 500 денари, денес не може нити со 1.000 денари.
Пензиите на пензионерите не им се доволни ниту за купување на лекови и терапија.
Секојдневно се повеќе луѓе ја напуштаат државата.
Со СДС и ДУИ ништо не оди на подобро, напротив се е полошо.
Народот не зема тендери во четири очи како блиските до СДС и ДУИ па да може да гледа со розеви очила, народот ја гледа црната реалност која оваа власт ја донесе.