Битолчанецот Ален Рустемовски, учесник на Балканското првенство во бокс што се одржа во Албена, Бугарија и на кое тој освои бронзен медал, е награден од градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
Од Општина Битола информираат дека веднаш, по освојувањето на бронзениот медал на европското првенство во бокс, градоначалникот Коњановски упатил честитки до боксерот Ален Рустемовски и најавил награда.за постигнатиот спортски успех.
-Уште еден наш битолчанец го потврдува спортскиот потенцијал на градот. Честитки за Ален Рустемовски, кој овојпат ни донесе бронзен медал од Балканското првенство во бокс. Општина Битола продолжува да биде силна поддршка за сите спортисти кои покажуваат врвни резултати! Како мотив и понатамошен поттик, Ален ќе биде награден од мене со максимално дозволената финансиска поддршка од градоначалник во висина од 50.000 денари, а ќе поднесам иницијатива и Советот на општина Битола да донесе измени и дополнувања на Програмата за спорт и млади, со кои ќе овозможи дополнителни финансиски средства за новите програмски, спортски планови на Ален, истакна Коњановски.
Неодамна Општина Битола финансиски ги поддржа женските спортски клубови во тој град.