Два земјотреси денеска ја погодија северна Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт. Според него, земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 8:26 часот по локално време во областа во близина на Бриџпорт во округот Моно, во близина на границата со државата Орегон.
Во исто време, земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер погоди област на околу 2 милји (3,2 километри) југозападно од Френдејл, во близина на границата со Невада, објави Сан Франциско хроникл. Засега не се знае дали е причинета материјална штета.