Министерот за внатрешни работи изјави дека е против донесување на Законот за амнестија. Доколку стапи на сила законот, на слобода ќе се најдат сите оние кои имаат казна затвор до шест месеци.
Лицата осудени на полесни кривични дела пак ќе добијат намалување на казната за 30 проценти. Според министерот Спасовски, законот нема да допринесе значително да се ослободат места во затворите ниту пак ќе го намали притисокот врз казнено – поправните установи. Наместо ова, како што вели Спасовски, државата треба стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции.
-Мојот став е дека, апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на законот за амнестија….Оние лица кои што сториле кривични дела, пред се разбојништва, тешки кражби и тн, преставуваат уште терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголем дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад, затоа што повторно имаат кривични дела“, вели Оливер Спасовски.