Аталанта и Јувентус одиграа натпревар без голови во Бергамо (0:0) во рамките од 7. коло во италијанската фудбалска Серија А. Во составот на „старата дама“ не се појавија Влаховиќ и Милик, па Алегри беше ограничен да се брани на овој дуел. Аталанта ги посакуваше трите бода, но фудбалерите на домашниот тим не беа ефикасни. Одлична шанса имаше Луис Мјуриел од слободен удар, но Шчесни успеа да го одбрани неговиот удар. Во финишот и Копмајнерс имаше два обиди, но не беше прецизен.
На простанатите два денешни одиграни пладневни натпреаври, Болоња го совлад Емполи (3:0), а Удинезе и Џенова ремизираа (2:2).