Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?!
Огласот на Лотарија е кроен по лицето на 8888.бг на Васил Божков Черепот, бугарски мафијаш, кој од неодамна се наоѓа во притвор, а е познат по голем број криминали и сомнежи за убиства.
Груби сака да ја направи Македонија партнер во бизнисите со Черепот.
Черепот е проблематичен по повеќе основи, како поради неговите криминални дејанија, така и по неговите блиски врски со Москва и Пригожин.
Бугарските медиуми го квалификуваат како човек на Пригожин, а Груби го мести за партнер на државата во бизнисот со игри на среќа.