Виктор Киплагат од Кенија победи на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.
Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон.
Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.
Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време 2:8,48. Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Бен Фелтон од Велика Британија во машка конкуренција.