– Генерациите кои ги наследија илинденците ја наследија и градеа идејата за ВМРО, тие пак потоа ја чуваа организацијата, која се обнови кога дојде незавиноста. ВМРО-ДПМНЕ дојде како природен след на нештата зошто каде е Македонија секогаш таму ќе биде и ВМРО, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на денешната годишна конференција на Унијата на ветерани.
Мицкоски потенцираше дека ветераните на ВМРО-ДПМНЕ ја имаа можноста и честа да бидат првите кои во свои раце го имаа предизвикот да создаваат држава.
– Со сите перипетии, светли и темни страни ВМРО-ДПМНЕ како легитимен наследник на идеите на ВМРО ја имаше неизбришливата трага во создавањето на независната македонска држава. И не е доволна само идејата, туку се потребни и луѓето да ја носат идејата. И тогаш, на почетокот на деведесеттите не беше лесно да си ВМРО-ДПМНЕ затоа што противник беше еден гигант и комунистички апарат граден со децении, проектиран за уништување и разбивање на секоја слободно мислечка идеја која е антипод за она што беше слово за ВМРО-ДПМНЕ своја држава, слобода, институции независност. Генерации Македонци беа жртви на комунистичкиот режим, во таа нималку лесна ниту пак рамноправна битка влегоа првите членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои јас оддавам почит. ВМРО-ДПМНЕ не е на еден или двајца таа му припаѓа на народот, и на Македонија, рече тој.
Мицкоски истакна дека не треба да се заборави дека оваа партија е градена не врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот.
– Мудроста и силата на ВМРО-ДПМНЕ не е во тоа колку имот поседува, туку во народот, белите глави пред мене, и институционалната меморија за нашата посветеност и борба за Македонија. Оддавам почит за улогата за секој еден член на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. Секој од вас има посебно место и заслуга за развојот на ВМРО-ДПМНЕ. И во име на тоа секако дека заслуга има секој член или поранешен претседател на раководствата на партијата изминатите 34 години, потенцираше Мицкоски.