Каевски: Мицкоски е анти ЕУ политичар, а ДПМНЕ антизападна партија

Христијан  Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики. Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ.  Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, порача Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ на денешната прес-конференција и додаде:

-ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атланските интеграции на земјава. Сосема спротивно, правеше сè за ја блокира европската иднина на земјата.

Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, хистерично ширеа лаги за бугаризација и асимилација.

Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик.

Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО.

Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција.

Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија.

Членство во ЕУ значи поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, пристап до пазар од 500 милиони жители.

Затоа СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.

Треба да знаете
Последни објави