Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ

Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Киев, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Киев ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“.

– Го почитуваме изборот на словачкиот народ. Сепак, прерано е да се каже како резултатот од овие избори ќе влијае на позицијата на Словачка. Треба да почекаме да се формира коалицијата и потоа, откако ќе го видиме нејзиниот состав, ќе ги донесеме првите заклучоци, истакна Кулеба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што се одржува во Киев.

Партијата Смер-социјалдемократија, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, планира да ја прекине воената помош за Украина и ги критикува ЕУ и НАТО. Фицо, за време на изборна кампања, вети дека Словачка нема да испрати „ниту еден куршум“ во Киев и повика на подобри врски со Русија.

Словачка е меѓу земјите кои обезбедија најмногу помош за Украина.

Треба да знаете
Последни објави