Прославениот грчки кошаркар Василис Спанулис денеска официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Грција.
Спанулис доаѓа на местото на Димитриос Итоудис, кој ја напушти должноста по неодамнешното Светско првенство на кое Грција го освои дури 15. место.
Спанулис, кој е актуелен тренер на Перистери, потпиша двегодишен договор со Кошаркарската федерација на Грција.
Во текот на својата кариера како кошаркар, Спанулис настапуваше за двата најголеми грчки клубови, Олимпијакос и Панатинаикос, а со репрезентацијата освои злато на Европското првенство 2005 и сребро на Светското првенство следната година.