Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. В четврток и в петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, соопшти УХМР.
Времето утре преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утрото ќе биде свежо.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер, со температура од 9 до 27 степени.
Во следните денови минималната температура ќе се движи од четири до 16 степени, а максималната од 23 до 31 степен.