Милановиќ: Ќе продолжам да се залагам за што побрз влез на Албанија во ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска му рече на албанскиот премиер Еди Рама дека ќе продолжи да се залага за „што е можно побрз влез на Албанија во Европската унија“, земја што ја опишува како „доверлив сојузник во НАТО долго време“.

Хрватскиот претседател го прими албанскиот премиер во Пантовчак и ја повтори цврстата и континуирана поддршка на Хрватска за Тирана за членство во ЕУ, се вели во соопштението од Кабинетот на хрватскиот претседател.

Милановиќ и Рама разговарале за соработката меѓу Хрватска и Албанија и ги оцениле односите меѓу двете земји како „исклучително пријателски и добри“.

Тема на разговорот била и безбедносната и политичката состојба во Југоисточна Европа, при што беше истакнато дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот е од голем интерес за двете земји, се вели во соопштението.

Рама е во официјална посета на Хрватска, а претходно беше примен од премиерот Андреј Пленковиќ.

Треба да знаете
Последни објави