Работнички се враќа на евро-сцената, а Феникс ќе дебитира

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички, вечерва (20.30 ч.) по шестгодишна пауза, повторно ќе игра натпревар од европските купови. Тимот од Градски парк во СРЦ „Кале“ ќе игра во квалификациите за пласман во Еврокупот на ФИБА, а прв противник му е романскиот тим Рапид Букурешт.

Во квалификациската група која ќе се игра во Скопје се уште и екипите на Донар Гронинген (Холандија) и Сабах (Азербејџан), чиј тренер е Боби Митев, а пласман во групната фаза ќе обезбеди само првопласираната екипа.

Работнички утре ќе игра против Сабах, а во последното коло, кое е закажано за в четврток, противник на тимот од Градски парк ќе биде Донар Гронинген.

Покрај Работнички, во квалификациите за ФИБА Еврокупот ќе настапи и Феникс 2010, за кого ова ќе биде прво европско искуство. Феникс 2010 квалификациите ќе ги игра во Кипар, а дебито ќе му биде утревечер, против домашниот тим Керавнос. Третиот тим во групата Е е германски Росток.

Треба да знаете
Последни објави