Советот на европски полициски синдикати на својата Фејсбук страна јавно ја поздрави одлуката за зголемувањето на платите за 10%, која денеска е веќе исплатена на вработените на Министерството за внатрешни работи од Република Северна Македонија, чија членка е Македонскиот полициски синдикат.
„Дополнително зголемување на платите на нашите колеги, Македонски полициски синдикат преку конструктивен социјален дијалог со надлежното Министерство, Conseil Européen des Syndicats de Police – CESP ќе продолжи да го следи напредокот на своите членови“, се вели во објавата.
Инаку, ова е петто зголемување на платата за сите вработени во МВР во последните 6 години, а дополнителни четири зголемувања беа реализирани за одредени категории работни места, со што се спречи одливот на вработени од овие организациски единици.
Воедно, во овој период навремено беше реализирана и исплатата на 6 бонус плати за вработени за над 150 часови прекувремена работа во претходната година.