Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа напредуваше 30 позиции на најновата ВТА листа. Огромниот скок на листата, на Ѓорческа и ја овозможи победата на ИТФ фјучрс турнирот во Коршумлинска бања.
Ѓорческа на патот до својата прва титула оваа година, во финалето беше подобра од Антонија Ружиќ од Хрватска со 2:0 во сетови (6:3, 6:3)
На најновата ВТА листа, Ѓорческа се наоѓа на 186. место. До крајот на сезоната Ѓорческа има шанси да го надмине најдобриот ранкинг во кариерата (в 2017 година беше на 170. место).



