Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во интервју за 360 степени вели дека нејзината последна средба со екс премиерот Никола Груевски била неколку денови пред тој да ја напушти државата.
„Јас и Груевски одамна немаме никаква комуникација. Никогаш не се согласив со тоа што го направи, односно со тоа што побегна во Будимпешта“, вели Јанкулоска.
Екс министерката за вантрешни работи, отслужува четиригодишната казна за случајот „Тенк“, предметот за кој побегна Груевски, за да не заврши зад затворски решетки.