Во Црна Гора се намалуваат цените на повеќе од 100 артикли

Владата на Црна Гора од денеска најави намалување на цените на повеќе од сто артикли во рамките на акцијата „Стоп на инфлацијата 100 плус“, што ќе трае до крајот на годината.

Црногорското Министерство за економски развој и туризам, во соработка со претставници на трговските синџири, дистрибутери, како и други заинтересирани субјекти, договорија продолжување на акцијата „Стоп за инфлацијата“ под името „Стоп за инфлацијата 100 плус“, чија цел е заштита на животниот стандард на граѓаните и намалување на инфлацијата.

Трговците се должни да дефинираат список од најмалку 100 производи за кои ќе ги намалат цените со утврдување максимална маржа на мало и големо од пет проценти, додека за трговците со помалку од 100 вработени антиинфлациската кошничка подразбира листа од најмалку 50 производи.

Производите од антиинфлациската кошничка ќе бидат означени на ист начин како и во претходната кампања „Стоп за инфлацијата“, која траеше од крајот на март до крајот на јуни годинава.

За трговците кои продаваат специфичен вид на стоки, како што се технологија, козметика, корпата против инфлација ќе биде усогласена на тој тип на производи.

Треба да знаете
Последни објави