Доделена Нобеловата награда за медицина: добитниците развија вакцина против ковид

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се Каталин Карико и Дру Вајсман.

Американски научник и унгарски биохемичар добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид, објави порталот Н1.

Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, откако се доделува наградата.

Најмладиот лауреат бил Фредерик Г.Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулин (1923 година), додека најстар бил тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор, пренесува Н1.

Треба да знаете
Последни објави